Червар не сака да се залажува со тоа што Македонија убедливо ја победи Јапонија

Победата на Македонија од девет разлика против Јапонија, не смее да ги залаже Хрватите дека утре лесно ќе поминат во дуелот со протвникот од далечниот Исток. Селекторот на „коцкестите“, Лино Червар потенцира дека Јапонија игра брз ракомет, но и дека се квалитетни и не смее да се потценат.

„Интензивно размислуваме за Јапонија. Секако дека вредат многу повеќе од тој висок пораз што го доживеаа во дуелот против Македонија. Многу се брзи, имаат добра транзиција, но и технички се добро подготвени. Единствено им недостасува искуство, но секако не се екипа за потценување. За нас ќе биде вистинска шанса да видиме како ќе се носиме против екипи кои играат брз центар“, рече Червар.

По првото коло, Хрватска славеше против Исланд, победа која е многу важна во трката за освојување на едно од првите три места во групата во која е и Македонија. „Коцкестите“ утре играат против Јапонија, а Македонија во второто коло утре ќе треба да се сретне со Бахреин.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести