Ни второто полуфинале на ЕВРО 2020 не е одлучено по 90 минути игра на „Вембли“. Англија и Данска одиграа 1-1, како што беше и по првите 45 минути. Англичаните беа поопасни во второто полувреме, повеќе напаѓаа и редеа шанси, но немаа реализација, па ќе мора да се играат уште дополнителни 30 минути игра.
Синоќа второто полувреме беше поинтересно и во тој дел паднаа головите, а вечерва по одличното прво, дојде полошо второ полувреме. Данска одлучи да ги брани оние 1-1 од првиот дел и успеа во намерата.
Повторно физичката и психичката подготовка ќе бидат клучни. Англија ја има публиката зад себе, може да направат повеќе измени и освежувања, па Данците ќе имаат цел да се изборат за пенали и таму што ќе биде нека биде.