Англија и Данска играат 1-1 по првото полувреме во второто полуфинале на Европското првенство во фудбал. Гостите поведоа со мајсторски гол на Микел Дамсгард од слободен удар, а Англија изедначи со автогол на Симон Кјер.
Голот на Дамсгард е прв од слободен удар на ЕВРО 2020 и прв примен гол на Англија дури по 691 минута. Тие немаа примено гол на годинешното ЕП, но конечно Пикфорд ја вадеше топката од мрежа. Досега во меѓусебните дуели на овие селекции секогаш било 1-0 за едните или другите, а таа традиција заврши во 39-тата минута, кога капитенот Кјер си даде автогол. Ова беше дури 11-ти автогол на првенството. На сите претходни европски првенства од 1960 до 2016 година имаше само девет автоголови.
Погледнете го убавиот гол на Данецот Дамсгард, со кој ги „смрзна“ англиските навивачи:
WHAT A GOAL FROM DAMSGAARD
DENMARK 1-0 ENGLAND#ENGDEN https://t.co/LU1vPK2mIb— ً (@Asensii20) July 7, 2021