6.8 C
Skopje
вторник, 10 февруари 2026

Четири меча и сите се очекуваат да бидат „сигурици“

Во НБА-лигата ноќеска се играат четири меча, а според квотите кои се нудат, не би требало да има многу возбудувања околу победниците. На три средби домашните екипи се големи фаворити за триумф.

Њујорк едноставно не смее да си дозволи луксуз да не победи во „Медисон sквер гарден“ против Индијана, а своите навивачи треба да ги израдуваат и Хјустон и Феникс во дуелите против ЛА клиперс, односно Далас.

Единствен гостински тим кој се смета за фаворит е Сан Антонио. Спарси гостуваат кај Лос Анџелес лејкерс. Лејкерс да бидат без Лука Дончиќ, кој има повреда на ногата, што дополнително ги зголемува шансите на Сан Антонио, кои имаат низа од четири победи по ред и се на второто место на Западната конференција.

Во понудата има и над 40-мина кошаркари кои се очекува да бидат на четирите терени и предизвик е да се погоди дали ќе имаат „плус или минус“ на постигнати поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести