Четворица различни тренери седеле на клупата на Баерн во последните четири порази во ЛШ

Ханс-Дитер Флик првпат во кариерата ја почувствува горчината на поразот во Лигата на шампионите, и тоа во можеби најлош момент, во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Баерн на свој терен загуби од ПСЖ со 2:3 и сега актуелниот европски првак ќе има голем предизвик во реваншот во Париз.

За Баерн ова е прв пораз во ЛШ по пауза од повеќе од две години. Тие немаа загубено од март 2019 година кога беа матирани од Ливерпул, а потоа наредија 18 победи и само едно реми. Со таа серија Баерн лани стигна до титулата во ЛШ, но сега тешко дека ќе ја одбрани.

Тоа што е малку неверојатно е дека Баерн на последните четири порази во Лигата на шампионите имал четворица различни тренери. Освек Флик, тука се и Нико Ковач, Јуп Хејнкес и Карло Анчелоти, кој во 2017 година си замина од минхенскиот гигант.

Откако е дојден на клупата, за Флик ова е вкупно седми пораз во сите натпреварувања, па сега стратегот има повеќе порази отколку освоени титули со Баерн (досега има шест трофеи).

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести