21.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Марин Чилиќ потсети на својата класа елиминирајќи го четвртиот носител на Вимблдон

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ приреди вистинско изненадување на четвртиот ден од Вимблдон, обезбедувајќи победа што го одбележа денот.

Во второто коло, искусниот Чилиќ го совлада четвртиот носител и миленик на домашната публика, Џек Дрејпер, со 3-1 во сетови (6-4, 6-3, 1-6, 6-4).

Во третата рунда на турнирот, Чилиќ ќе се соочи со шпанскиот тенисер Хаиме Мунар.

Јаник Синер немаше проблеми против Александар Вукиќ од Австралија и славеше со 3-0 во сетови. На противникот му препушти само пет гема, по еден во првиот и во вториот, и вкупно три во третиот сет.

Кај дамите, Ига Швјонтек загуби еден сет, но победи против Кети Мекнејли со 2-1 во сетови (5-7, 6-2, 6-1).

- Оглас -

Најнови вести