Вкупно седум меча се играат ноќеска во НБА-лигата и сите се дел од понудата во Sport Life. Детроит, кој има само девет победи сезонава, е домаќин на Бруклин. Гостите се фаворити, но факт е дека Бруклин има само девет победи во 28 меча на гостински терен сезонава.
Интересно треба да биде и во Индијана, каде што Пејсерс игра против Минесота. Интересно е дека Минесота има пет победи во низа против Индијана, но овојпат во блага предност е домашниот тим.
Големото дерби е во Денвер, каде што актуелниот европски првак го пречекува моментално најдобриот тим во лигата, Бостон. Денвер дома има 24 победи и само шест порази, но Бостон е тим кој сезонава гази и е со биланс од 48 победи и само 13 порази. Во првиот меч кој го играа сезонава, Денвер победи на гости, и тоа во драматичен меч со 102:100.
На три дуела кои ќе се играат вечерва, апсолутни фаворити се домаќините. Според квотите, на лесни победи треба да се радуваат Феникс, Голден стејт и Сакраменто.
Во понудата за „плус-минус“ поени, на понудата има голем број кошаркари кои вечерва треба да се појават на теренот.