Четирикратниот европски првак сепак е пресилен за Војводина

Некогашниот европски гигант, Ајакс се пласираше во следната фаза од квалификациите во Лигата на Европа, откако вечерва славеше на гости кај Војводина со 3:1. Ајакс победи со 1:0 и на првиот дуел и оди понатаму со вкупни 4:1.

Војводина одигра достојно и до неколку минути пред крајот беше во игра да се надева на чудо. Ајакс поведе со 1:0, но Војводина израмни преку Николиќ, што значеше дека само еден гол беа во негатива за да се изборат за продолженија.

Сепак, во финишот наместо Војводина да нападне да стигне до втор гол, Ајакс покажа квалитет и со два погодоци стигна до победа од 3:1.

Во мечевите кои се одиграа вечерва, брага убедливо со 5:0 славеше над Макаби Петах Тиква, Панатинаикос го победи Ботев на гости со 4:0, а Риека даде само еден гол и тој беше доволен за победа и пласман понатаму по двомечот со Хунедоара од Романија.

- Оглас -

Најнови вести