Четврта среќа за младите Кралеви – Реал ќе игра за европска титула во младинската ЛШ (видео)

Тимот на Реал Мадрид до 19 години за првпат ќе се бори за европската титула во младинската Лига на шампиони по триумфот од 2-1 против Салцбург во второто полуфинале. По три неуспешни обиди, младите Кралеви конечно се пласираа во финалето каде што на 25 август ќе ги одмерат силите против Бенфика, која претходно го елиминира Ајакс.

Латаса и Гутиерез до 32-та минута му донесоа предност на Реал од 2-0, Салцбург во второто полувреме намали на 2-1 преку Сучиќ од пенал, поставувајќи го конечниот резултат.

Откако е формирана младинската Лига на шампионите, Реал во три наврати испаѓаше во полуфиналето. Токму противникот во финалето, тимот на Бенфика, на двапати ги елиминираше младите Кралеви во 2014 и 2017 година, еднаш претрпеа неуспех против ПСЖ во 2016 година.

Финалето Бенфика – Реал Мадрид е закажано за 25 август и ќе се игра во Нион, Швајцарија.

- Оглас -

Најнови вести