Четвртфиналињата ќе бидат спектакуларни, Sport Life со нови квоти за освојувач на ЛШ (Фото)

Кругот на потенцијални освојувачи на Лигата на шампионите се стесни на 10 клуба, а вечер ќе се намали на осум пред ждрепката за спектакуларното четвртфинале која ќе биде в петок, во 12 часот.

Досега пласман меѓу осумте најдобри обезбедија актуелниот првак Манчестер сити, како и Арсенал, Барселона, Баерн Минхен, ПСЖ и Реал Мадрид. Вечерва ќе им се придружат Атлетико Мадрид или Интер и Борусија Дортмунд или ПСВ Ајндховен.

Sport Life извади нови квоти за освојувач на ушлестиот пехар во финалето на 1 јуни на „Вембли“ во Лондон. Манчестер сити останува прв фаворит според квотите, го следат Реал и Арсенал, а едноцифрена квота има и за Баерн.

Фаворити од сенка се Интер, ПСЖ и Барселона, а Атлетико, Борусија и особено ПСВ влегуваат во кругот на аутсајдери на кои не им се даваат големи шанси.

- Оглас -

Најнови вести