Четвртолигашот Сарбрикен не успеа – Баер Леверкузен ќе игра четврто куп-финале (Видео)

Баер Леверкузен го декласира германскиот четвртолигаш Сарбрикен со 3:0 и се пласира во четвртото клупско финале во Купот на Германија.

Гостите беа пресилни за најголемото изненадување во популарниот ДФБ покал и не дозволија сензација на единствениот четвртолигаш што играл полуфинале во купот.

Блескаше германскиот репрезентативец Керем Демирбај со три асистенции, а првата до Муса Дијаби во 11-тата минута беше мајсторска.

https://www.youtube.com/watch?v=Y6MpcUqRqm0

Демирбај беше главен режисер и на акцијата во 19-тата минута, кога Аларио погоди за 2:0 и ја заврши приказната на Сарбрикен и сонот на нисколигашот за историско финале.

Во второто полувреме Керем комплетираше хет-трик асистенции, а печат на убедливата победа на фаворитот стави Белараби со погодок во 58-мата минута.

https://www.youtube.com/watch?v=V8jK-1mWuDc

Баер во финалето во Берлин на 4 јули ќе игра со победникот од второто полуфинале меѓу Баерн и Ајнтрахт што ќе се игра утре од 20.45 часот. Тимот од Леверкузен има само еден куп-пехар, освоен во 1993 година со победа против Херта од 1:0, а двапати губеше во мечот за титулата.

 

- Оглас -

Најнови вести