Лионел Меси и Кристијано Роналдо се апсолутни господари во светскиот фудбал на индивидуален план во последните 15 години и заедно освоија 12 Златни топки, од вкупно 13 колку што се доделени од 2008 година досега.
Само Лука Модриќ успеа во 2018 година да ја разбие невидената доминација на извонредното дуо Меси и Риналдо.
Популарниот Балон Д`Ор дури 7 пати замина во колекцијата на Меси, а петпати добитник на престижната награда на Франс прес беше Роналдо и тие двајца се на првото и на второто место на вечната листа со добитници на Златната топка.
Направена е интересна споредба што ќе беше да не постоеја и Меси и Роналдо, односно кои фудбалери во нивно отуство ќе ја добиеја Златната топка, а по две признанија ќе имаа тројца играчи што настапуваа за Барселона.
Тоа се Чави, Иниеста и Нејмар, кои по двапати беа второпласирани во гласањето за најдобар фудбалер на светот, зад Меси, или Роналдо.
Погледнете како изгледа листата со второпласираните фудбалери, кои поради Меси и Роналдо останаа без познатата и призната награда.
Ballon d’Or winners if Messi & Ronaldo didn’t exist from soccer
Доминацијата на Меси и Роналдо ќе биде ублажена со новото издание на доделување на Златната топка, а се очекува на 17. октомври во Париз, Карим Бензема да го добие големото признание како најдобар фудбалер за 2022 година.