Ливерпул и Тотенхем имаат уште една недела да се подготвуваат за најважниот меч сезонава, финалето во Лигата на шампиони. Англиските гиганти ќе играат на 1 јуни во Мадрид, а еден од нив ќе биде на тронот на фудбалска Европа во следните 12 месеци. Ливерпул кој има пет трофеи во елитната лига на УЕФА, минатата година играше во финалето, но загуби од Реал Мадрид, додека Тотенхем прв пат во клупската историја ќе се бори во меч за најпрестижниот трофеј.
Двајцата тренери се одлучија на сосема различна стратегија. Тотенхем остана во Лондон и избраниците на Маурисио Покетино во својата база ги имаат последните тренинзи. За разлика од нив, стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп реши дека е поважно играчите да се адаптираат на шпанската клима. Затоа целиот табор на Ливерпул веќе два дена е во Марбелја, каде тренинраат и се навикнуваат на потоплото време во Шпанија.
Клоп верува дека со овој потег неговиот тим ќе биде подобро подготвен за мечот кој сигурно не сака да го загуби втора година по ред.