24.8 C
Skopje
среда, 13 август 2025

Чикаго му одржа кошаркарска лекција на ЛА Лејкерс пред неговите гледачи (Видео)

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс добија вистинска лекција од Чикаго булс пред својата публика и загубија со убедливи 115-146. Ниту 34-те поени на Лука Дончиќ не беа доволни да се извлече позитивен резултат од овој меч и веќе го забележаа вториот убедлив пораз по ред.

После израмнетото прво полувреме и водството на гостите на паузата од 62-65, во вториот дел следуваше вистинска експлозија на „биковите“. Кошаркарите на Чикаго најпрво го добија третиот период со 27-39, а дополнителни +16 разлика направија и во последната четвртина.

Резултати:

Индијана – Бруклин 108-103
Атланта – Голден стејт 124-115
Њујорк – Вашингтон 122-103
Сакраменто – Милвоки 108-114
ЛА Лејкерс – Чикаго 115-146

- Оглас -

Најнови вести