10.8 C
Skopje
среда, 4 февруари 2026

Чикаго стави крај на серијата порази, Детроит продолжува да „гази“ (Видео)

Кошаркарите на Чикаго ставија крај на серијата од седум порази по ред, откако со пресврт славеа на гостувањето кај Шарлот со 126-129. Домашните во текот на третиот период имаа предност +13 поени, но Чикаго во последната четвртина направи пресврт, а победата лесно можеше да биде и поубедлива.

Лидерот на табелата во Источната конференција, Детроит, забележа нова победа, откако убедливо славеше пред својата публика со 142-115 над Атланта. Она што е интересно за овој меч е фактот дека за Детроит постигнаа поени дури 13 кошаркари, а најефикасниот од нив, Стујарт, уфрли 17 поени.

Резултати:

Шарлот – Чикаго 126-129
Детроит – Атланта 142-115
Филаделфија – Индијана 1151-105
Вашингтон – Кливленд 126-130
Мемфис – Јута 126-130
Далас – Бруклин 119-111
Голден стејт – Минесота 120-127

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести