Во Чиле 2 ќе биде лудо до крај – Цела лига во битка за прволигашка промоција

Чиле ја има најлудата фудбалска лига во моментов и во конкуренција на 16 екипи, дури 12 имаат реални шанси да станат прволигаши.

Се работи за Втората лига и трката за две позиции кои водат во највисок ранг во Чиле. Моментно на шест кола до крајот, три екипи на врвот имаат по 37 бодови, а лидер поради најдобра гол-разлика е Депортес Пуерто Монт, пред Сантијаго Вондерерс и Депортес Ла Серена.

Зад нив се три екипи со по 36 бодови и тоа би бил секстетот што би се борел за пласман во Првата лига, ако сега заврши првенството.

Но, до крајот има уште шест кола, па и Нубленсе со 35 бода, уште два клуба со по 34 бодови и два со 33 имаат шанси и за директен пласман во повисок ранг, што го гарантира само првото место на табелата и за плејофот преку кој шест екипи ќе се борат за уште една промоција во нов прволигаш.

Во трка е и 12-то пласираниот Сантијаго Морнинг со 31 бод и тука се чини завршува долгата листа кандидати за пласман во Првата чилеанска лига.

Останатите четири екипи ќе бијат битка за опстанок во лигата во која во моментов разликата меѓу првопласираниот клуб и екипата на 12-та позиција е само шест бода.

- Оглас -

Најнови вести