Чилеанците може да бидат исфрлени од Копа Америка, се дружеле во хотел со сомнителни девојки

Голем скандал изби на Копа Америка откако се обелодени дека пет до шест чилеански фудбалери ги прекршиле ковид-19 протоколите и во нивниот хотел се „дружеле“ со девојки од надвор, што е забрането. Ако се докаже дека станува збор за проститутки, може да се случи Чилеанците дури и да бидат исфрлени од Копа како најдрастична мерка, а вечерва треба да играат дерби-меч против Уругвај.

Меѓу оние Чилеанци кои имале женско друштво во хотелот во Бразил, биле и најискусните Артуро Видал и Гари Медел. Медиумите во Чиле пишуваат дека девојките биле проститутки. Од Фудбалската федерација на Чиле признаа дека протоколите биле прекршени поради користење „фризерски услуги“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести