3.8 C
Skopje
понеделник, 23 февруари 2026

Чилвел за Варди: Тој пиеше и не спиеше по цели вечери, а потоа ќе постигнеше хет-трик

Поранешниот дефанзивец на Челзи и селекцијата на Англија, Бен Чилвел, потврди дека неговиот поранешен соиграч од ЛестерЏејми Варди, имал необичен пристап кон подготовките за натпреварите.

„Чии навики пред натпреварот ме воодушевија најмногу? Џејми Варди, секако! Тоа не е нешто што би го препорачал! Тој пиеше по четири лименки Ред Бул за еден час. Ноќите пред натпреварите пиеше вино во хотелот или пиво. Речиси воопшто не спиеше. Дури и ќе ми затропаше на вратата околу три часот наутро за да ме разбуди. Тој е луд. Но, по сето тоа, сепак ќе успееше да постигне хет-трикови“, изјави Чилвел.

- Оглас -

Најнови вести