4.8 C
Skopje
сабота, 31 јануари 2026

Чиро Имобиле пред сензационален трансфер

Искусниот италијански напаѓач, Чиро Имобиле, би можел да ја продолжи својата кариера во Франција.

Новиот прволигаш ФК Париз е во напредни преговори за потпишување на 35-годишниот играч на Болоња, објави новинарот Фабрицио Романо. 

Разговорите меѓу двата клуба се при крај, се очекува Имобиле да се согласи и на трансферот, по што ќе треба да ги помине медицинските прегледи. 

Имобиле дојде во Болоња од Бешикташ како слободен играч во летото. Од почетокот на сезоната, тој одигра само 9 натпревари во кои не постигна гол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести