9.8 C
Skopje
среда, 11 февруари 2026

Зинченко денеска потпишува за четирикратен европски првак

Украинскиот фудбалер Олександр Зинченко ги поминал медицинските тестови и ги завршил сите формални процедури за неговиот трансфер во Ајакс.

Бекот е под договор со Арсенал, но летоска замина како позајмен во Нотингам форест за кој одигра само десет меча и тоа не целосни. Пристигнувањето на Украинецот во Амстердам се очекува во наредните часови.

Ајакс е трети на табелата во холандското првенство, без шанса да стане првак бидејќи има огромни 16 бодови помалку од ПСВ.

- Оглас -

Најнови вести