Дик Паунд веќе ја објави одлуката на Олимпискиот комитет дека Игрите во Токио нема да се одржат во предвидениот термин од 24 јули до 9 август и дека сигурно ќе бидат одложени.
Канаѓанецот е член на Олимпискиот комитет кој треба да ја соопшти одлуката во наредниот период. Паунд објави дека олимпискиот дух спласна и кај најголемите оптимисти дека може да се одржат ЛОИ во Токио во превидениот термин.
„Одлуката ќе биде соопштена најверојатно во текот на идниот месец, но веќе е сигурно дека ќе има одложување. Мојата сугестија е тие да бидат одржани во 2021 година, но ќе видиме што ќе биде со датумот и како ќе одлучи ИОК“, вели Паунд.
Ова доаѓа по притисокот на неколку земји, пред сè, Канада, Австралија, Шпанија, Италија, а и делови од американските спортски федерации, како пливачката и атлетската, дека нема да ризикуваат и нема да испратат свои спортисти во Токио ако одлуката биде Игрите да се одржат од 24 јули до 9 август оваа година.
Уште неколку земји им се приклучија, по што стана јасно дека во Токио ќе нема Олимпијада ова лето.