Поранешниот младински македонски репрезентативец, Виктор Ангелов си замина од романскиот клуб Волунтари по само една сезона.
Ангелов е член на златната генерација младински репрезентативци на Македонија што успеа да направи подвиг и да испише историја со прв настап на Европско првенство, во Полска пред пет години.
Има и едне настап за сениорската репрезентација и интересна приказна. Ангелов е роден во Дортмунд и првите фудбалски чекори ги направи во Академијата на Борусија на 15-годишна возраст.
Потоа играше за Работнички,па се пресели во младинската Академија на Шалке 04, екипа што е најголем ривал во дербито на Рур на Борусија Дортмунд.
Потоа следеа трансфери во уште шест екипи, а од последната за која одигра 24 натпревари, Волунтари се прости денеска и ќе бара нов клуб.