Човек-рекорд: Кристијано Роналдо дава гол на сите европски и светски првенства од 2004 наваму!

Со голот од пенал кој го постигна попладнево против Гана, Кристијано Роналдо постави неколку рекорди.

Роналдо со 37 години и 292 дена е највозрасниот Португалец што дал гол на Светско првенство, а тој го држи португалскиот рекорд и за најмлад стрелец. Кристијано стана втор најстар стрелец на гол на СП, а и ќе остане таму бидејќи рекордот е недопирлив и го држи Камерунецот Роџер Мила, кој постигна гол на СП кога имаше 42 години и 39 дена.

Она што е најважно е дека Роналдо е единствен фудбалер во историјата што давал гол на пет светски првенства. Ако се сметаат и Европските првенства, Роналдо дава барем по еден гол дури на 10 големи натпреварувања. Погодуваше на ЕП во 2004, 2008, 2012, 2016 и 2021, а на СП во 2006, 2010, 2014, 2018 и 2022.

- Оглас -

Најнови вести