Човекот кој го „здроби“ Федерер со 6:0, 6:0 сега работи како полицаец

Роџер Федерер стави крај на својата богата кариера. Еден од најдобрите тенисери во историјата имаше кариера за паметење, а на своите почетоци го доживеал еден од најубедливите порази во кариерата.

Иако тогаш 10-годишниот Федерер на играше на својот прв турнир, а три години постариот Рето Шмидл го совлада со 6:0, 6:0.

„Искрено не се сеќавам дека сум играл против Федерер, но еден пријател ме потсети бидејќи имаат податоци за сите натпревари.

Едноставно сакав да играм тенис, а не да тренирам. Кој би рекол дека јас ќе бидам тој што ќе го победам тенискиот гениј со 6:0, 6:0“ изјави Шмидл.

Тој сега работи како полицаец, а во своето слободно време игра и тенис.

 

- Оглас -

Најнови вести