Реал Мадрид се намачи, но на крајот победи против Гранада, и тоа минимално со 1:0 на „Сантијаго Бернабеу“. Кралскиот клуб дури во 74-тата минута го скрши отпорот на гостите, и тоа благодарение на мајсторијата на Марко Асенсио.
Со шут од над 20 метри, Асенсио успеа да го матира голманот на гостите и да му донесе победа на Реал. За Асенсио ова е четврти погодок сезонава во Примера постигнат надвор од шеснаесетникот. Погодокот на Асенсио може да го видите ТУКА.
Le but de Asensio : pic.twitter.com/vk7OxQvI5O
— X. (@XEY0H_) February 6, 2022
Реал Мадрид се зацврсти на чело на табелата со 53 бодови пред Севилја, која има 47 бодови, и Бетис со 40 бодови. Барселона е на четвртото место со 38 бода и еден меч помалку.