Човеков е легенда, има повеќе трофеи отколку настапи за Манчестер сити

Голманот Скот Карсон има 37 години иако изгледа многу повозрасен, а синоќа ја зголеми својата легенда на човек кој освојува трофеи без да стапне на терен откако со Манчестер сити го освои петтиот трофеј, иако има брането само 107 минути за овој клуб чиј член е четири години.

Карсон е трет голман на Сити, но тоа не е пречка да освојува трофеи на европска и домашна сцена. Така беше и во Ливерпул, со кого во 2005 година ја освои Лигата на шампионите, иако не ни припари меѓу стативите во дресот на Црвените во ЛШ.

Откако дојде во Сити, Карсон има две титули во Премиер лигата, а по една во Лигата на шампионите, ФА купот и европскиот Суперкуп. Не му се бројат двата трофеи од Лига купот и еден Комјунити шилд (англиски Суперкуп), иако и тогаш беше во редовите на Граѓаните.

- Оглас -

Најнови вести