Една добра и една лоша вест за Баерн пред реваншот со Реал

За Баерн Минхен, гостувањето кај Реал Мадрид в среда, во полуфиналето од Лигата на шампионите, е натпревар на сезоната, а на тој важен меч нема да може да сметаат на Португалецот Рафаел Гереиро.

Гереиро се повреди вчера на гостувањето кај Штутгарт, и од Баерн објавија дека повреда на зглобот на ногата која ќе го оддалечи некое време од терените. Загриженост има и во Португалија, бидејќи за нешто повеќе од еден месец почнува Европското првенство. Гереиро на првиот меч против Реал влезе во игра на стартот на второто полувреме и беше добар.

Добра вест за Баварците е што денеска со резервите кои не играа против Штутгарт, тренираше и Матајс Де Лихт. Холандскиот дефанзивец не настапи на мечот во Минхен против Реал, го немаше ни против Штутгарт, а ако биде фит, в среда на реваншот ќе добие предност да игра пред Кореецот Ким Мин Јае кој не се прослави во вторникот.

- Оглас -

Најнови вести