Се чини како да нема крај на реакциите по Ел Класико, кое го доби Реал Мадрид со 2-1, и пораките упати кон Ламин Јамал, кој едноставно не одигра ништо на „Сантијаго Бернабе“, а на два дена пред мечот ги прозва „кралевите“ дека „крадат, па се жалат“.
„Ми се допаѓа кога Јамал зборува. Само така нека продолжи – ме мотивира. Сепак, фудбалот се игра на терен.“ – му порача Орелијан Чуамени на Ламин Јамал.
Ламин Јамал на мечот против Реал Мадрид упати само два удари кон противничкиот гол и тие завршија надвор од рамката, односно во гол-аут. Само трипати ја допрел топката во противничкиот шеснаесетник, а фудбалерите на Реал Мадрид му направиле само еден фаул.

