Чубраковиќ како октопод, Академија Пандев го освои Купот на Македонија

Пенал-рулетот застана на страната на струмичани, голманот Чубраковиќ одбрани два удари од белата точка, а играчите на Академија Пандев се новите освојувачи на пехарот во Македонскиот куп.

Бразилецот Да Силва и Дејан Тантуровски не погодија од белата точка, односно јунакот на мечот Чубраковиќ им ги одбрани ударите, па трофејот отпатува за Струмица.

Фудбалерите на Академија Пандев ги погодија сите 4 удари од белата точка и запишаа историја со прв трофеј што го освојуваат на домашната сцена.

Регуларниот дел мечот заврши нерешено, 2:2, а први поведоа Академците на Пандев со прекрасниот гол на Сашко Пандев во 10-тата минута.

Ѓорчепетровци направија пресврт со головите на Да Силва и на Тантуровски, но израмни Дориев од пенал, па се играа продолженија.

Во дополнителните 2 пати по 15 минути немаше гол, па се изведуваа пенали, кои одлучија пехарот да патува за Струмица.

Сега со ваков исход Академија Пандев им отвори уште едно место на прволигашите за настап во квалификациите за Лигата на Европа бидејќи и четвртото место ќе носи евровиза.

- Оглас -

Најнови вести