Чуда во ФА Купот: Петтолигаш на гости победи со 4:3, Њукасл елиминиран од тим од трета лига

Петолигашот Врексам направи чудо откако успеа на гостински тим да го елиминира членот на Чемпионшип, Ковентри со 4:3. Врексам со оваа победа стигна до четвртото коло во најстарото фудбалско натпреварување во светот, за прв пат по повеќе од 20 години пауза.

Уште од почетокот на мечот, гостите од Велс покажаа дека се подготвени за историска победа и по само 18 минути игра имаа водство од 2:0. Ковентри намали на 1:2, но пред крајот на првиот дел, гостите постигнаа уште еден погодок, па на пауза заминаа со предност од 3:1.

Невилјите на Ковенти продолжија откако во 57 минута останаа со фудбалер помалку по исклучувањето на Панзо, а гостите добија пенал. Мулин погоди за водство на Врексам од 4:1. Ковентри тргна со сите сили во напад и домаќините упсеаа да дадат два гола со играч помалку за 3:4 во 76 минута, но немаа сили за уште еден погодок кој ќе ги спасеше од елиминација.

Изненадувачка е и елиминацијата на Њукасл кој загуби на гости кај Шефилд Венсдеј со 2:1. Повеќе од четири месеци Њукасл немаше пораз во сите натпреварувања, но овојпат Чавките не можеа да го задржат налетот на третолигашот од Шефилд.

Џош Виндас е херојот на домаќините кој погодуваше во 52 и 66 минута за предност од 2:0, додека Бруно Гимараеш го даде почесниот гол за Њукасл што не беше доволно фаворитот да се спаси од испаѓање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести