Чудесната серија на Леванте продолжи и вечерва на „Зорилја“ и клубот од Валенсија петтипат по ред одигра нерешено со ист резултат 1:1.
Клубот чиј член е Енис Барди, кој не игра поради повреда успеа да ремизира, а голот од пенал на Хосе Кампања во 83. минута им донесе бод и петто реми по ред со ист резултат.
Претходно со голот на Маркос Андре во 57. минута домаќините поведоа со 1:0, но не успеаја да забележат хет-трик победи по успесите против Атлетик Билбао и Гранада.
Леванте остана во опасната зона за испаѓање со 8 бода на 18. место во конкуренција на 20 екипи во Ла Лига. Валјадолид е за една позиција над нив со 10 бода.
Во истиот термин вечерва од 21 часот Њукасл го победи Кристал Палас со 2:0 во премиерниот меч од 10. коло во Премиерлигата во Англија.