Чуден потег на Барселона, го праќа големиот талент да игра во Америка

Чави Ернандес објави дека за следната сезона нема да смета на големиот талент Рики Пуџ, а сега се најавува трансфер на 22-годишниот играч за врска во МЛС лигата во Америка.

Според шпански „АС“ Барселона и Лос Анџелес галакси имаат начелен договор Рики да игра за американскиот клуб во МЛС лигата како позајмен играч во оваа сезона.

Договорот треба да биде склучен многу брзо, односно до задутре, 4. август, кој е последен рок за летни трансфери во МЛС лигата.

Лос Анџелес галакси е еден од најпознатите клубови во Америка, а сега бие жестока битка за настап во плејофот и се очекува Пуџ да им биде големо засилување во последните десеттина кола од регуларниот дел на шампионатот.

https://twitter.com/FCBarcelona_es/status/1525888099934474242?s=20&t=offdFYq-O8ZlQkCe5uiHKA

- Оглас -

Најнови вести