Чуден потег на шпански клуб: Го променија името на стадионот поради изјава поврзана со женскиот фудбал

Членот на шпанската Ла Лига, Хетафе, се одлучи да го промени името на стадионот кој досега беше познат како „Колосеум Алфонсо Перес“. Тие ваквата одлука ја донеле во соработка со општината Хетафе, а пред сè поради изјавите на најдобриот фудбалер во историјата на клубот поврзани со женскиот фудбал.

Алфонсо Перес во едно интервју изјави: „невозможно е фудбалерите и фудбалерките некогаш да заработуваат исто“. Тоа предизвика гнев во шпанската јавност, која е разбранувана со случувањата околу женската фудбалска репрезентација.

Одлуката е во иднина стадионот да се вика само „Колосеум“, односно отстрането е името на Алфонсо Перес.

- Оглас -

Најнови вести