Прогнозерите нудат неколку сигурици, но ќе има и неизвесност на дел од мечевите

Повеќе сигурици, но и некои дилеми и неизвесност ветуваат мечевите во 29 коло на Спортска прогноза, барем според досегашните прогнози на оние кои се дел од оваа бесплатна игра во Sport Life.

За тие што немаат типувано, имаат можност до денеска до 15:30 часот кога ќе започне првиот меч од понудата, тој меѓу Фрајбург и Волфсбург. Преку 70 отсто очекуваат победа на домаќините, а иста е ситуацијата и за средбата од 16 часот меѓу Фулам и Кристал Палас каде преку 70 отсто чекаат радост на домаќините.

Вечерва се игра едно големо дерби, тоа меѓу Јувентус и Милан, а 50 отсто веруваат во Старата дама додека во триумф на гостите веруваат помалку од 15 отсто. Во ова коло има повеќе дерби дуели, но тоа е шанса за сите оние кои имаат посебен предизвик да ги погодат најатрактивните дуели.

Како за секој викенд, така и сега главен предизвик за сите прогнози е да се погоди Среќна 13-ка.  Прогнозерот со погодени 13 натпревари одбира еден од подароците (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, PlayStation®5). За погодена 12-ка, прогнозерот добива вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а за 11-ка ваучерот е 500 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести