Манчестер јунајтед со 3:1 го победи Саутхемптон во меч од 21. коло на Премиер лигата. Пред мечот, Црвените ѓаволи беа големи фаворити, но на теренот не беше така.
Саутхемптон водеше на полувреме и тоа благодарение на автоголот на угарте во 43 минута.
Последнопласираниот тим во Премиер лигата имаше предност од 1:0 до 82 минута, а потоа на сцена стапи феноменалниот Амад Диало, кој постигна хет-трик. Најпрво по една среќна акција израмни на 1:1.
Се играше 90 минута кога Ериксен фантастично асистираше, а Амад Диало погоди за 2:1 и делириум на „Олд Трафорд“. Во судиското надополнување, повторно Диало искористи еден кикс на гостинската одбрана и погоди за конечни 3:1.