Чудно дерби, на крајот Црвената фурија ја оддува Германија од Мундијалот

Шпанија ја победи Германија со 32:28 во дербито од првото коло во Група 1 на Светското ракометно првенство во Египет. Ова беше меч на кој двете селекции играа со влог за зголемување на шансите за пласман во четвртфиналето. Црвената фурија сега има реални калкулации да се надева на место меѓу најдобрите осум на планетарниот собир, додека за Германија останува само теоријата.

Германија го отвори резултатот и водеше со 4:3, кога следуваше мини серија од 3:0 на Шпанија за водство од 6:4. Црвената фурија ја задржа предноста до крајот на првото полувреме, кога имаше предност од 16:13. Панцерите не се предадоа и во средината на второто полувреме направија пресврт, па поведоа со 25:22.

Делуваше дека Германија ќе направи пресврт, но Шпанците имаа други калкулации. Со неверојатна серија од 9:1, Црвената фурија поведе со 31:26 и јасно беше кој ќе победи. Со овој триумф Шпанија сега има 5 бода и се искачи на второто место на табелата, веднаш зад лидерот Унгарија, додека Германија е на четвртото место само со два бода.

Во вториот меч одигран вечерва, Данска не дозволи изненадување и убедливо со 32:23 го победи Катар.

 

- Оглас -

Најнови вести