Чудно, но навивачите на Челзи имаа и причина за радост додека нивниот тим немаше сили да го сопре Ливерпул

Ливерпул ја покажа силата на шампионот во англиската Премиер лига, откако со 2:0 го победи Челзи на „Стемфорд Бриџ“ во дербито од второто коло. Победникот беше решен со двата гола на Садио Мане и тоа постигнати во рок од четири минути, на стартот од вториот дел.

Најпрво Мане погоди со глава, а потоа Сенегалецот не пропушти да го искористи подарокот од домаќниот голман Кепа Аризабалага. Чуварот на мрежата на домаќините е најскапиот во историјата на фудбалот, но повторно направи почетничка грешка, по која Ливерпул поведе со 2:0. Погодоците на Мане може да ги погледнете ТУКА.

Дербито беше израмнето во првиот дел, се до моментот кога црвен картон доби домашниот играч Кристенсен. Со играч помалку и кикс каков што направи Кепа, Челзи не можеше да се надева на поволен резултат. Капак на лошата игра на домаќините беше и промашениот пенал на Жоргињо пред крајот на мечот, кога Алисон бекер го одбрани неговиот удар.

Од целата оваа очајна партија на Челзи, единствена радосна вест за навивачите на сините, пристигна надвор од теренот. Според пишувањата, додека траеше мечот, со Челзи потпиша голманот Едуард Менди, кој доаѓа од Рен. Според формата на Кепа, речиси сигурно е дека Менди, кој има неверојатна животна приказна, во брзо време ќе биде и прв голман на Челзи.

 

- Оглас -

Најнови вести