Пет екстра возбудливи дуели се дел од денешната понуда во Квоти на ден, а ако сите пет понудени комбинации ги одиграте на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 43.32.
Кремонезе и Калјари треба да одиграат меч на кој во првото полувреме нема да има повеќе од еден гол, а во вториот дел не смее да бидат постигнати повеќе од три погодоци, за да биде добитна комбинацијата со квота од 1.90.
ПСЖ е фаворит за победа над Олимпик Марсеј и Светците треба да постигнат најмалку два гола во пресметка на која и тимот од Марсеј ќе погоди барем еднаш, за да биде погодена комбинацијата со коефициент од 2.40.
Атлетико Мадрид и Реал Мадрид ќе водат битка за пласман во финалето на Суперкупот на Шпанија, а Кралевите да не загубат во меч на кој ќе бидат постигнати меѓу два и пет погодоци се вреднува со квота од точно два.
Милан да ја победи Џенова во дуел на кој повеќе погодоци ќе бидат постигнати во второто полувреме носи коефициент од 2.50.
Арсенал треба да постигне меѓу еден и два гола во првото полувреме на дербито против Ливерпул за да биде добитна комбинацијата со квота од 1.90.


