Чудо: Клуб од најслабата фудбалска земја во светот се пласираше во следното коло на УЕФА натпреварувањата

Екипата на Тре Фиори испиша фудбалска историја откако стана првиот клуб од Сан Марино што успеал да помине едно квалификациско коло во УЕФА натпреварувањата. Тре Фиори синоќа на свој терен со 3:1 славеше над Фола од Луксембург и со вкупни 4:1, се пласираше во второто претколо од Конференциската лига на УЕФА.

Ова натпреварување на УЕФА е формирано од минатата сезона и е наменето токму за земјите со послаб рејтинг, а се покажува како одлична можност токму за ваквите клубови како Тре Фиори, кој е полупрофесионален клуб, а минатата сезона заврши на третото место во првенството на Сан Марино.

Интересно е дека според рејтингот на ФИФА, Сан Марино е најслаба фудбалска сила не само во Европа, туку во целито свет и оваа репрезентација моментнално е на последното 211 место на светското рангирање. Сепак, доказ дека фудбалот е непредвидлива работа и дека може да се случат чуда, се двете победи на Тре Фиори против Фола и пласманот во второто квалификациско коло од Конференциската лига.

Колку за споредба, во првото коло од квалификациите на оваа европско натпреварување, синоќа испадна екипата на Академија Пандев додека Шкендија успеа да се пласира во второто коло, каде место има и за Академиј Пандев. Македонија е на 64 место на ФИФА ранг листата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести