Македонска кавга во Сараево – Велкоски е суспендиран, не го почитувал Васоски

Крсте Велкоски е суспендиран од фудбалскиот клуб Сараево поради недисциплина и непочитување на стручниот штаб што го предводи Александар Васоски, но и кон соиграчите на босанскиот гигант.

Поранешниот капитен на Сараево реагирал неспортски откако бил заменет на почетокот на второто полувреме на дуелот со Борац во Бања Лука.

Од клубот објавија и соопштение дека против поранешниот македонски репрезентативец ќе биде поведена и дисциплинска постапка.

Велкоски е еден од омилените играчи на Сараево кај навивачите на повеќекратниот шампион на Босна и Херцеговина.

Долго време е капитен и во долгиот престој во клубот има по три шампионски титули и пехари во Купот, со што е меѓу најтрофејните фудбалери во оваа генерација играчи на клубот.

Васоски од зимоска е шеф на стручниот штаб на Сараево, па малку и чудна е ситуацијата и кавгата меѓу двајцата Македонци.

Сараево одамна нема шанси за титулата во првенството на БиХ, но ќе игра за пехарот во националниот куп против Вележ на 19 мај во Зеница.

 

- Оглас -

Најнови вести