6.8 C
Skopje
среда, 24 декември 2025

Чудо од дете постигна 791 гол за Милан!

Во фудбалската академија на Милан постои дете кое се очекува во иднина да биде голема ѕвезда. Се работи за 12-годишното момче Андреа Кустјук, кое има италијанско-украинско потекло.

Ова детенце веќе три сезони по ред се покажува како машина за голови и зад неговото име има бројки кои се речиси невозможни. Во оваа сезона која изминува, Кустјук постигна 238 гола во 41 натпревар, а интересно е дека оваа сезона му е најслаба во однос на претходните две.

Во сезоната 2021/22 детенцето постигна 265 гола, а минатата сезона беше неверојатен со 295 погодоци. Ако се собере билансот од сите три сезони, момчето вкупно има 791 гол, а дека знае и да додава, потврува и фактот дека има и 242 асистенции.

Во Милан веќе имаа еден одличен украински голгетер во името на Андриј Шевченко, а времето треба да покаже дали Кустјук ќе биде негов наследник во офанзивниот дел на Росонерите.

- Оглас -

Најнови вести