Чудо во Кицбил: домашен тенисер водеше 6-4 и 5-0, имаше две меч-топки, на крајот загуби

Словакот Алекс Молчан, кој е 120-ти на АТП листата, против 61-виот тенисер на светската ранг листа Себастијан Офнер, направи неверојатен пресврт на турнирот во АТО 250 турнирот во Кицбил.

Австриецот Офнер кој играше пред домашна публика, го доби првиот сет со 6-4, а во вториот водеше со 5-0, дојде и до меч топка. Кога се чинеше дека средбата брзо ќе заврши, се случи нешто што двајцата тенисери ќе го паметат цел живот, едниот по добро, другиот по лошо.

Молчан спаси две меч-топки, го доби и гејмот, и тогаш почна најголемиот пресврт кој е виден во последно време. Словакот чиј тренер е екс тренерот на Новак Ѓоковиќ, Маријан Вајда, освои седум гејмови по ред, и изедначи на 1-1 во сетови.

Во третиот сет се водеше голема борба, на крајот се играше тај-брејк, кој му припадна на Молчан со 7-5 во поени.

- Оглас -

Најнови вести