Хетафе и Атлетико Мадрид одиграа меч со луд финиш, а на крај победија домашните со 2-1, шокирајќи го Атлетико кој имаше огромна низа од 27 средби по ред без пораз од Хетафе.
Атлетико поведе 1-0 од пенал во 75-та минута, се чинеше дека пак ќе го победат малиот градски ривал, но во 88-ма минута ситуацијата сосема се смени по црвениот картон за Кореа по прегледување на ВАР снимка. Арамбари брзо даде гол за 1-1, а истиот фудбалер погоди и во 92-ра минута, за тотално лудило на „Колосеум“.
Атлетико сезонава не победи на ниту едно гостување во Мадрид, а играше и со Хетафе и со Рајо, и со Леганес и со Реал.
⚽️ GOAL: Arambarri (2)
🇪🇸 Getafe 2-1 Atlético Madridpic.twitter.com/eBhqBijDbP— Goals Xtra (@GoalsXtra) March 9, 2025