Чудо во Париз: По дури 40 години повторно се врати да биде дел од Олимписките игри

Леонел Мартинез е репрезентативецот на Венецуела во гаѓање на подвижни мети кој се најде во центарот на вниманието поради еден неверојатен податок. За искусниот 60-годишен Мартинез ова е втор настап на ЛОИ, а за враќање на најголемиот спортски настан чекаше цели 40 години.

Мартинез прв пат беше на Игрите во далечната 1984 година во Лос Анџелес, а и по четири децении не се откажа од желбата да се врати на ова натпреварување. Во октомври минатата година тој обезбеди норма за настап во Париз и со настапот на ЛОИ 2024 се случи раритетен момент.

Во историјата на Игрите, само Јапонецот Хокетсу Хироши кој се занимаваше со дресер на коњи, имал поголема пауза меѓу два настапи на ЛОИ. Хироши прв пат настапи на ЛОИ 1964 година во Токио, а потоа, по 44 години чекање, се појави на Игрите во Пекинг во 2008 година.

Интересно е дека Мартинез верува дека уште не сака да се откаже дури и најавува настап и на следните ЛОИ во 2028 година кои ќе бидат во Лос Анџелес.

„Секој ден одам во теретана. Постојано сум во движење. Не верувам во медицината која вели дека одредени работи не може да се прават по 40 или 50 години. За мене годините се само бројка. Овој спорт секако 90 отсто е психолошки. Мојаа мотивација дефинитивно е страста“, вели Мартинез.

- Оглас -

Најнови вести