Женската екипа на Барселона доживеа шокантен пораз на домашен терен со 1-2 од Леванте, во натпревар од 17-тото коло во шпанската лига.
Ова е доказ дека нема непобедливи колку и еден тим да е доминантен. Каталонките немаа претрпено пораз на домашен терен 2.180 дена, што е околу шест години, од февруари 2019 година, и загубија бодови за прв пат оваа сезона. Ова беше нивниот прв лигашки пораз од мај 2023 година наваму.
Леванте кој е дури 15-ти на табелата, поведе во 50-та минута. Во четвртата минута од судиското продолжение тимот од Валенсија го удвои водството, а Барса брзо после тоа намали на 1-2. Леванте остана со играч помалку по црвениот картон во шестата минута од судиското надополнување.