Чудото Халанд сезонава даде повеќе голови од целиот тим на Барселона во ЛШ

Ерлинг Халанд е херојот на Борусија Дортмунд во победата од 2:1 против Пари Сен Жермен. Тинејџерот кој има само 19 години сезонава е незадржлив, без разлика кој тим е противник. Против францускиот првак погоди двапати и стигна до бројката 10 гола сезонава во Лигата на шампионите.

Колку за споредба, целиот тим на Барселона сезонава во ЛШ даде девет погодоци, со тоа што Каталонците го имаат за играње првиот меч од осминафиналето против Наполи на гостински терен.

Халанд сезонава во ЛШ започна како играч на Салцбург. Во дресот на австрискиот тим норвешкото чудо даде осум гола, а пред еден месец направи трансфер во Борусија Дортмунд и сега продолжува да погодува и во дресот на Милионерите. Вкупно во 29 меча сезонава Халанд даде 30 погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести