Чудото Халанд за помалку од еден саат на терен испиша рекорд во Бундеслигата

Ерлинг Халанд е играчот за кој допрва треба да се слуша и пишува. Норвешкиот тинејџер дефинитивно е откритие на сезоната во Европа. Првенството го започна во дресот на Салцбург во Австрија, а од пред 10-тина дена го облече дресот на Борусија Дортмунд.

За помалку од две недели откако стана член на Бундеслигата, Халанд постави рекорд кој не е забележан досега во историјата на германското првенство. Тој е првиот играч кој успеал да даде пет гола во првите два меча на кои играч. Никој никогаш претходно немал ваков биланс.

Да биде подвигот на Халанд уште поголем, тинејџерот тоа го направи за помалку од еден час поминат на теренот. Во дуелот против Аугзбург во игра влезе во 56 минута, а до тој момент Борусија губеше со 3:1. Халанд успеа да постигне хет-трик и од изгубена ситуација, Милионерите освоија три бода од ова гостување.

Вечерва, Борусија играше на свој терен против Келн и без мака стигна до 3:0, а кога гостите дадоа гол, во игра влезе Халанд. Тинејџерот за 25 минути даде два гола и постави рекорд, затоа што ако се додаде хет-трикот од претходната средба против Аугзбург, Халанд е првиот играч со пет гола на првите два меча откако е дојден во Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести