Халанд е голгетерско чудо кое не сопира

Борусија Дортмунд убедливо со 5:1 го победи Келн, а домаќините прашањето околу победникот го решија уште во првите 50 минути. Гереро, Санчо и Ројс погодија за сигурни 3:0, а потоа гостите дадоа почесен гол. Во 65 минута во игра влезе тинејџерот Халанд и повторно воодушеви. Норвежанецот кој има само 18 години, за помалку од 25 минути даде два гола и ги воодушеви навивачите во Дортмунд со својот талент.

Халанд пред две недели потпиша за Борусија, а ова е втор меч на кој влегува како резерва, а веќе има пет погодоци на своето конто.

Во првиот дел од сезоната, тој беше незадржлив во дресот на Салцбург, а сега само потврдува дека е одличен и во многу посилно првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести