Чудото кое го изведе Де Силвестри од Болоња, цели 12 години не беше видено во Серија А! (Видео)

Болоња го победи Фрозиноне со 2-1, а вториот гол на домашните ќе се памети, бидејќи вакви голови ретко паѓаат во Серија А.

Ветеранот Лоренцо Де Силвестри успеа да ја затресе мрежата на противниците со гол со глава и тоа со шут од надвор од 16-никот. Претходно, ваков гол во Серија А падна во мај 2011 година, а стрелец беше Џенаро Гатузо.

 

Голот на Де Силвестри може да го видите ТУКА.

Попладнево во италијанската Серија А се играше уште еден меч, Салернитана и Калјари одиграа спектакуларни 2-2 со четири гола во последните десетина минути од дуелот, па овие два тима и понатаму се без победа сезонава.

- Оглас -

Најнови вести