14.8 C
Skopje
четврток, 23 октомври 2025

Чудото од дете викендов може да стане најмлад во историјата што заиграл во Серија А!

Викендов може да се случи испишување на историја во италијанската Серија А, и тоа доколку на мечот Милан – Фиорентина заигра мегаталентот Франческо Камарда.

Росонерите имаат проблеми во нападот, за дуелот со Виолетовите нема да може да играат суспендираниот Оливие Жиру и повредените Рафаел Леао и Ноа Окафор, па веројатно Лука Јовиќ ќе треба да бие стартер, а можно е во составот да биде повикан Камарда, кој е роден 2008 година. Камарда тренира со првиот тим, а ако влезе во игра в сабота, ќе стане најмладиот фудбалер што дебитирал во Серија А.

Актуелниот рекорд го држи Видсом Ами, кој за Болоња заигра со 15 години и 277 дена, а Камарда задутре ќе биде помлад за 13 дена и ќе има 15 години и 264 дена.

Камарда стана познат по тоа што даде 500 гола на 100 меча за Милан во младинските категории, а сезонава на два меча постигна три гола во јуниорската Лига на шампиони, каде што игра против момчиња кои се по 3-4 години постари од него. Особено се памети голот со ножички против ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести